parovi-casi angeles

parovi-ca
 
HomeCalendarПрашања/ОдговориБарајЧленовиЧленски групиРегистрирајте сеВлез

Share | 
 

 Плачот на Виолината / Dudaktan Kalbe

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
simon mimi
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar

Број на мислења : 67
Reputation : 0
Join date : 2010-07-02
Местолокација : oh

ПишувањеПредмет: Плачот на Виолината / Dudaktan Kalbe   Чет Сеп 09, 2010 4:25 pm

"Плачот на виолината" е турска телевизиска серија, а воедно и телевизиска адаптација на популарниот роман на Ресат Нури, "Dudaktan Kalbe" што во буквален превод би значело "Од усните до срцето". Снимањето на серијата започна во 2007 година, а заврши во 2009.

Хусеин Кенан е чувствителен и талентиран музичар кој се обидува да ја надмине болката која животот му ја нанел. Неговото детство е обележано со самоубиството на неговиот татко, кое го извршил додека ја отслужувал затворската казна. Кенан сакајќи да се фокусира на својата кариера, ја жртвува љубовната врска која ја има со Лејла, неговата прва љубов. Одлучува да патува по светот и станува познат виолинист. За тоа време, братучедот на Кенан, Кемил се венча со Лејла, и покрај тоа што знае дека таа не го сака него. Тој се надева дека еден ден Лејла ќе се загледа во него, но таа со своето студенило му предизвикува само длабока болка и очај.

Главен женски лик во оваа приказна е Ламиа, таа е млада девојка, и голем фан на музиката на Кенан. По смртта на нејзините родители, таа живее кај своите роднини кој и обезбедуваат храна и облека, но ја третираат како слуга, а покрај тоа и се обидуваат да ја омажат за еден од нивните роднини, против нејзина волја. Во моментот кога Кенан и Ламиа ќе се запознаат, помеѓу нив веднаш настанува физичка и емоционална привлечност, но Кенан ја потиснува својата љубов кон неа поради нејзината социјална положба, тој стравува дека таквата нејзина состојба може да влијае на неговата репутација која веќе ја има стекнато како музичар, па поради тоа наместо со Ламиа, тој стапува во брак со Кавидан, моќна бизнисменка која доаѓа од богато семејство. Доказ за тоа дека тој сеуште ја љуби Ламиа, е моментот кога тој го гледа нејзиниот лик во ликот на Кавидан, додека таа се доближува накај него во венчален фустан.

Кемил е комплициран лик, чија љубомора кон својот популарен братучед го принудува да се однесува лошо кон неговата жена, се додека таа не умре. По нејзината смрт, Кемил се вљубува во Ламиа, а неговата несебична љубов кон неа, го менува комплетно неговиот карактер.
ima i fan club http://placotnaviolinata.forummk.com/index.htm

Од понеделник на Сител телевизија, Плачот на виолината...

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://kogalisjata.forummk.com/
 
Плачот на Виолината / Dudaktan Kalbe
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
parovi-casi angeles :: Филм :: Серии-
Отиди до: